X
 01.07.2015 Наука

99% од астероидите се опасни за нас

Научниците знаат дека доколку астероид падне во близина на голем град или на голем град, последиците се катастрофални. Исто така, тие знаат дека доколку падне астероид во некој од океаните, последиците може да бидат уште полоши. А, шансите за удар од астероид се многу поголеми отколку што мислиме.


По повод денот на астероидот, кој се одбележува на годишнината од ударот на астероид во 1908 во Тунгуска и Сибир, повеќе научници започнаа да ги додаваат своите имиња на декларација со која се бара поголем напор за барање и набљудување на потенцијално опасните астероиди. Меѓу луѓето кои ја потпишаа декларацијата се наоѓаат и познати лица.

Факт е дека од милион астероиди кои ѝ се закануваат на Земјата, луѓето го следат движењето на само 10.000. Со други зборови, не гледаме 99% од астероидите околу нас. Со оглед на тоа што поголемиот дел од површината на Земјата е прекриена со вода, најголема е веројатноста астероидот да падне во вода. Меѓутоа, таквото сценарио би можело да биде најпогубно бидејќи астероидот би создал цунами од огромни размери.

НАСА предложува мисија со која би направила каталог од две третини од астероидите и другите тела во близина на Земјата кои се поголеми од 140 метри.

- Ова би можело да нè спаси сите. Сите луѓе на планетата, сите суштества може да бидат горди ако успееме во ова. Ова е еден вид осигурување. - велат од НАСА.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука