X
 04.08.2017 Наука

НАСА ја нуди најдобрата работа на светот?


Планетата Земја
(Фото: Reuters)

Американската вселенска агенција НАСА објави оглас за службеник за планетарна заштита, односно лице што ќе ја штити Земјата од вонземски контаминации, но и вселената од земските.

Иако многу вселенски агенции имаат службеници вработени за планетарна заштита, тие главно не работат со полно работно време.

„Попрецизно, само двајца вработени работат со полно работно време, едниот за НАСА, а другиот за Европската вселенска агенција (ЕСА)“, вели Кетрин Конли, службеничка за планетарна заштита во НАСА од 2014 година.

Според нејзините зборови, овој нов оглас за вработување е последица од преселувањето на позицијата на која таа моментално работи во Канцеларијата за безбедност на мисијата, независна техничка единица во рамките на НАСА. Таа не прецизира дали планира повторно да конкурира за таа работа.

Ова работно место е создадено откако САД ја ратификуваа Спогодбата за надворешната вселена во 1967 година, со намера да се поддржи членот 9 од тој документ: „Државите членки на Спогодбата ќе ја истражуваат надворешната вселена, вклучително и Месечината и другите небесни тела, така што ќе избегнуваат да ги оштетат со контаминирање и да избегнат промени на Земјата кои би биле последица на донесување вонземски материјали, а по потреба треба да применат и соодветни мерки“.

Се наведува дека секоја вселенска мисија мора да има помалку од 1:10.000 шанси да го зарази туѓиот свет.

„Тоа е средно ниво, ниту е екстремно внимание, но не е ниту екстремно опуштање“, истакна претходно Конли.

Службеникот за планетарна заштита повремено патува по вселенските центри низ светот. Тој обезбедува луѓето случајно да не ги контаминирале новите светови на кои слетуваат земските летала или покрај кои поминуваат и ги снимаат. Таквиот службеник помага да се установат протоколи, процедури и опрема што го намалуваат ризикот од контаминација на небесните тела и на Земјата.

Освен диплома од областите физика, инженерство или математика, идеалниот кандидат мора да има барем една година искуство на место на високопозициониран државен службеник и напредно знаење од областа планетарна заштита. Исто така, тој треба да има и искуство во планирање и надгледување на делови од вселенските програми. Работата вклучува и меѓународна координација бидејќи вселенските програми чинат многу средства, трошоците најчесто се делат помеѓу повеќе нации. Затоа, НАСА бара кандидатот да поседува и димпломатски вештини.

Според уредбата на претседателот Џералд Форд од 1976 година, оние што не се државјани на САД не можат да се пријават за ваква позиција. НАСА е отворена за апликации на USAJobs.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука