X
 01.07.2015 Образование

Барање работа во шест чекори


Дарко Велков од vrabotuvanje.com ги советува дипломираните

По неколку илјади тазе дипломирани македонски студенти, секоја година се во потрага по вработување. Збунети, исплашени, некои и без волја и надеж со оглед на малкуте отворени работни места, не ни знаат каде да се обратат за помош. Иако патот до саканото работно место знае да биде тежок и макотрпен, сепак со малку труд не е невозожно да се дојде до него.

Директорот сопственик на агенцијата за посредување при вработување, vrabotuvanje.com, Дарко Велков издвои шест чекори кои треба да ги направи секој тазе дипломец, и млад човек кој е во потрага по работно место, за побрзи резултати. Сепак, и тој потенцира дека тие не се единствените фактори.

- Со овие чекори се зголемува веројатноста дека ќе најдете работа, но потта за да ја добиете мора да биде лична. Не може друг да се поти место вас, освен ако сакате да станете претприемач, но тоа е друго четиво.

Еве ги советите на Велков подготвени за Факултети.мк:

1 Чекор

Поставете си го прашањето како ќе се претставам себе си, а немам можност да дојдам до директорот? Само преку документ кој се вика CV . Претпоставувам дека многу пати сте го чуле овој збор но ретко кој вистински сам го направил. Најчесто пријател или пријателка го прават во ваше име и затоа сакам да ви обрнам внимание дека тоа е погрешно. Не можете да се претставите искрено и добро ако не ја знаете секоја запирка во документот или во продажна конотација замислете да треба да продавате артикли кои не сте ги виделе во каталогот. Уште нешто битно, сопствениците се подобро ги читаат CV-та.

2 Чекор


Понекогаш успева мотивациското писмо кое знае да инспирира феноменално. Лично бев сведок на повеќе вакви убави стории. CV-то не понуди емоција која ја имаше во мотивациското писмо. Најмоќното оружје е да бидете искрени и свои со многу информации за компанијата кон која се обраќате.

3 Чекор
Имате ли деловна фотографија?

Ако немате инвестирајте време веднаш. Замислете дека менаџерот денеска видел 30 CV-ја. Верувајте, само клучни зборови и добра слика може да го потсетат на вас. Но, внимавајте да имате слика соодветна на работното место за кое аплицирате. Веројатно е несериозно да имате одело, а аплицирате за магацински работник.

4 Чекор
Неделен план каде се ќе аплицирате.

Се паѓа во вода ако не сте дисциплинирани кон себе. Запомнете дека барањето работа е работа сама по себе. Мора да се водите според неделниот план во кој ќе водите детали за секоја позиција на која сте аплицирале. Во моето досегашно искуство многу пати влегле кандидати на интервју и пред да седнат ме прашувале за која фирма е денешното интервју. Можете ли да замислите колку бил навреден сопственикот кој седел до мене.

5 чекор
Подготовка за интервју.

Вежба, вежба......вежба..и повторно вежба Најдобрите актери биле враќани по 100 пати за одлична сцена. Нема срам ниту замор ако сте високо свесни дека се работи за квалитетот на вашиот и можеби животот на вашето семејство. Секогаш кога сте изморени од таа вежба потсетете се за вистинските причини кои Ве мотивираат да најдете квалитетна работа (беспарица, помош на семејството, можеби нов модел на возило или сл). Пеперутките се само ваши и нека излетаат на интервјуто. Напомена - вежбата пред огледало покажува гестикулции кои сами не можете да ги воочите додека се спремате.

6 Чекор
Поставете си цел....

Не познавам успешни луѓе кои немале цел пред да станат тоа што претставуваат сега. Расчистете си ги сите дилеми дека ова е моментална состојба. Борбата за квалитетно работно место трае постојано и веројатно е доволно тешко повеќе пати да Ве натера да се откажете. Но, затоа сме различни и некои се многу успешни, а некои луѓе постојано бараат оправданија. Мора да знаете дека на никого не му е лесно како што изгледа. Затоа засукајте ги ракавите и почнете да се подобрувате во секој поглед. Секој човек своја планета со милион можности.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование