X
 07.07.2015 Образование

Најлудите жалби кои наставниците ги добиле од родителите

Во поголем дел од образованието на своите деца, родителите се нивна голема поддршка. И секако, ги има оние другите како на пример таткото кој постојано се жали, или пак мајката која постојано го оправдува нејзиниот син бидејќи нема домашно. И тоа не е се` - прочитајте што се` наставниците слушнале како пожалби од родителите.

 

1

 

1. Мојот син не јади глутен и не сака зелка - што да јади од училишната менза?

2. Оваа историја е од пред многу одамна. Кога ќе почнат да учат од историјата од денес?

3. Не може да дојди на тест - мора да оди во теретана бидејќи е дебел.

4. Јас не ги пишам домашните, па зошто би ги пишувал мојот син?

5. Не ве почитува бидејќи сте понизок од него.

6. ве молам немојте да му велите на син ми да престане да пишува пораки на час.

7. Сите негови претходни наставници, сите наставници од претходните училишта и сега сите наставници од ова училиште се жалите за неговото однесување. Сите се здруживте против него.

8. Ве молам не ме контактирајте во врска со однесувањето на мојата ќерка.

9. Не треба да користите компјутери на часови по англиски јазик.

10. Ве молам погрижете се да не јади тестенини и пица на ексурзија. На диета е и не смее да јади јаглехидрати.

11. Родителот: На мојот син му се потребни две седишта во автобусот.
Наставникот: За жал сите седишта се зафатени.
Родителот: Не можете да земете поголем автобус?

12. На службен пат сум дента кога е училишната претстава - не можете да ја презакажите?

13. Мислам дека не е соодветно да ја фарбате косата.

14. Дали може да ги промените училишните ручеци бидејќи син ми повеќе ги сака нив отколку моето готвење.

15. Ве молам не и` го поправајте спелувањето бидејќи така и` ја намалувате самодовербата.

16. Ваша работа е да ја натерате таа да не користи сленг.

17. Дали може да престанете да и` велите да крева рака секој пат кога сака да зборува? На тој начин не ја охрабрувате да ги искажува нејзините идеи.

18. Пијалоците во мензата не се доволно ладни.

19. На мојата ќерка и` е потребна постара наставничка.

20. Истегнете ја за уши доколку е немирна.

21. Дали може да ми се јавите ако видите дека се дружи со момчиња?

22. Дали може еден наставник да доаѓа и да ја зема од автомобилот секое утро?

23. Не ми пречи ако пцуе, па не гледам зошто треба да ви пречи и вас.

24. Сакам ќерка ми да биде наставничка. Можете да ја убедите?

25. Тој ги задева и им се потсмева на другите бидејќи е поразвиен од нив.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование