X
 27.08.2020 Живот

Онлајн-настава покрај базен и плажа нуди одморалиште во Мексико

Учебната година е на прагот, но не сите ученици ќе се вратат во училница. Како алтернатива за оние што ќе учат од далечина, одморалиштето „Фор сизон Пунта Мита“ во Мексико на семејствата им нуди опција за „скулкејшн“ (збор добиен од комбинација на зборовите school-училиште и vacation-одмор), т.е. учениците да следат настава од далечина покрај базен или плажа, можат да имаат приватни сесии со тутор или со соученик да учат шпански, ликовно, занаети и историја.

Одморалиштето, кое се наоѓа на пацифичкиот брег на Мексико, во близина на Пуерто Ваљарта, нуди нова програма на „светско учење“ во ерата на далечинското учење среде пандемијата, наречена „Знаење за сите сезони“.

- Очекувајте учениците тука да учат. Тука сме за да ги поддржиме децата и родителите во новата парадигма за учење со едукативни часови инспирирани од нашата дестинација и членовите на тимот кои ќе им помогнат на учениците со нивните училишни активности - вели генералниот директор Џон О'Суливан.

1

Програмата е создадена за потребите на учениците, вклучувајќи и посветена 24/7 телефонска линија за проблеми со технологијата и помош во врска со проблеми со компјутерите и таблетите, плус пристап до печатачи, поголеми монитори, полначи, лаптопи и училишни материјали. Кабините за учење во близина на базенот и плажата можат да бидат резервирани и претворени во приватни работни места. Тие се опремени со интернет, големи ТВ-монитори, слушалки и грицки.

2

Ако редовните часови не се доволни, одморалиштето нуди и бесплатни курсеви за локалната област и наследството, вклучувајќи работилници за уметност и занаетчиство, како и часови за танцување. Часовите по шпански јазик се достапни и за почетници и за оние што имаат понапредно ниво, а љубителите на природата може да помогнат во сезонските пуштања на морските желки во водата, како и да научат нешто повеќе за растенијата и животните при нивната екопрошетка.

Иако копнената граница помеѓу САД и Мексико и понатаму е затворена, Мексико нема никакви ограничувања за посетителите што влегуваат во земјата, а во функција се и летовите.

Извор: Lonely Planet
Фотографии: Four Seasons Resort Punta Mita/Christian Horan Photography
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот