X
 22.03.2021 Живот

Што се случува со мозокот и телото кога ги одложувате обврските?

Постојат причини зошто луѓето ги одложуваат обврските. Иако одложувањето е лесно и го применува секој, тоа не е толку добро бидејќи го напаѓа мозокот, лимбичниот систем и префорталниот кортекс.

Повеќето од нас одложуваат обврски во одреден момент од животот. Но, секој петти од нас е компулсивен во врска со тоа. Одложува задачи и задолженија речиси секогаш.

Овој вид луѓе се нарекуваат хронични одложувачи. Излегува дека ваквото однесување прави многу поголема штета отколку што можете да мислите.

Да, работењето е тешко и напорно. Но, кога ќе изберете да гледате телевизија наместо да миете садови, вие почнувате битка во вашиот мозок.

Од една страна е вашиот префортален кортекс, кој е дел од мозокот што поставува долгорочни цели и ја регулира самоконтролата. Ви кажува дека садовите нема сами да се исчистат.

Од друга страна е вашиот лимбичен систем. Се занимава со задоволство, возбуда и награда. Тој ви кажува дека миењето садови не е забавно и дека ќе си помините поубаво ако правите нешто друго. Значи, одложувањето во суштина го носи вашиот мозок до неговото среќно место. Прави да се чувствувате добро. Затоа и го правите тоа. Но, само затоа што се чувствувате добро, не мора да значи дека тоа е добро за вас.

На пример, неколку истражувања откриваат дека студентите што ги одложувале задачите имале пониски поени на испитите во втората половина на семестарот во споредба со оние што не ги одложувале. Исто така, тие имале поголема веројатност да се разболат, врз основа на нивните здравствени посети.

Покрај тоа, други истражувања откриле дека оние што одложуваат имаат повисоки нивоа на вина и вознемиреност кога ќе одлучат да одложат некои обврски. А ако продолжат со ваквото однесување, истражувачите откриле дека хроничното одложување е поврзано со пониска самодоверба, пониско ниво на енергија и депресија.

Генерално, квалитетот на животот ќе биде полош отколку ако само го слушавте вашиот префронтален кортекс.

Не постојат истражувања што покажуваат придобивки од хроничното одложување.



Извор: Business Insider
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот