X
 30.05.2022 Живот

Рамбо Амадеус: Сфативме дека демократија е секој да може да шверцува тутун

- Додека беше жив Тито, имавме големи сипаници! Како што пропадна социјализмот, дојдоа мајмунските сипаници! Сега би направил севдалинка за нив - вели Рамбо.

- Какво понижување! Што е имунитетот на стадото, што не е имунитетот на стадото?! Опасни сте ако имате идеја. Ме поистоветуваат со селски мудрец - вели музичарот.

- Направен е културоцид врз Југославија. Го кажувам она што другите луѓе се срамат да го кажат. Додека ние безгрижно зборуваме за севдалинки, 500 километри од нас се случува војна. Јас не сум УНЕСКО, туку УНИЦЕФ, но и за вас тоа е исто. На Балканот постои една супкултура, а тоа е „крајпатна“ супкултура. Се создава и „крајпатен“ шоу-бизнис. Демократијата ја разбравме дека секој може да шверцува тутун. „Крајпатната“ култура вооружена со технологија стана турбофолк.

Ние сме големи провинцијалци; постојано мислиме дека ништо не ни е добро и дека нешто посебно се случува на друго место. Не живееме во време во кое ја согледуваме реалноста, туку во кое постојат толкувачи на реалноста. Сега имаме генерација која родителите не можат да ја лажат. Родителите се љубоморни, стари и сопствените деца успеваат да ги излажат. Децата сега знаат сè подобро од нас! Треба да чекаме приближно четириесет до педесет години за оние генерации што учествуваа во војната да го изгубат правото на глас во своите домови. Засега сме мирни. Потребни се уште триесет години; тогаш има шанси новите генерации да бидат изманипулирани за нова војна – рече Рамбо.

Слушнете го целиот разговор:



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот