X
 20.01.2019 Наука

Помеѓу креветот и училиштето: Колку часа сон на тинејџерите навистина им се потребни?

Обидете се за момент да се вратите во средношколските денови.

Станувањето рано наутро, посебно на зима, кога ни куќата не е соодветно загреана, сигурно е една од првите работи што ви паѓаат напамет. Покрај тоа, периодот во средно училиште и адолесценцијата го обележуваат касното одење в кревет и желбата, но и потребата за подолго спиење наутро.

Иако некој сега можеби ќе помисли дека ова сценарио им се слуќува особено на генерациите кои растат со интернетот, социјалните мрежи, лап топите, паметните телефони и останатите примамливи екрани, научниците имаат друго објаснување. Имено, иако дневниот ритам или хронотипот зависи и од промената во друштвениот живот на поединецот и општеството, како и од електричните уреди што сѐ почесто нѐ држи подалеку од сонот, доба дел од објаснувањето лежи и во фактот што нашата циркадијална и хомеостатична регулација на сонот се менува. Така, во текот на пубертетот циркадијалниот систем на поединецот природно го одложува одењето на спиење: една причина за ова е продолжувањето на циркадијалниот период во текот на тинејџерските години, што обично доведува до подоцнежен почеток на биолошката ноќ во однос на циклусот ден-ноќ, тврдат експертите.

1
Фото: Shutterstock


Од горенаведеното лесно е да се заклучи дека адолесцентите често се наоѓаат меѓу два огнови: нивната циркадијална и хомеостатична регулација на сонот, која „налага“ подоцнежно одење во кревет и нивната обврска кон друштвениот живот. Ова доведува до намалување и со самото тоа недоволна дневна количина на сон (повеќето деца во пубертетот спијат помалку отколку што препорачуваат педијатрите за нивната возраст, што е 8 до 10 часа сон).

Со прашањето поврзано со сонот и неговото влијание врз успехот на децата во средно училиште се занимаваше и тим на научници од три американски универзитети и институти, чие истражување „Спијте повеќе во Сиетл: започнувањето подоцна на училиште е поврзано со повеќе сон и подобри перформанси кај средношколците), беше објавено во средината на декември во магазинот „Сајнс Адвенсес“.

Тимот предводен од професорот Гидеонс Данстер од Одделот за биологија на универзитетот во Вашингтон, заклучил дека, кога почетокот на училишниот ден се поместил една час понапред, децата во просек добиле 34 дополнителни минути сон секоја ноќ, односно спиеле 7 часа и 24 минути (пред промената, спиеле 6 часа и 50 минути).

-Ова истражување покажува значајно подобрување на траењето на спиењето на ученикот - и сето тоа со поместување на почетокот на училишните часови, за повеќе да биде во согласност со природното време на будење на тинејџерите - објаснува Орасио  дела Иглесија, професор по биологија на универзитетот во Вашингтон, кој бил дел од тимот на Данстер.

Истражувачите до резултатите дошле благодарение на посебните мерачи на активност што се носат околу зглобот и кои на секои 15 секунди собираат информации за активностите на децата и нивото на светлата (дали е ден или ноќ). Покрај тоа, имале интервјуа со адолесцентите за нивниот распоред на дневни активности и дневна количина на сон.

Освен тоа, истражувањето покажало дека децата не останувале подолго време бунди тогаш кога училиштето им започнувало подоцна - само наутро спиеле подолго, што истражувачите го поврзуваат со нивниот природен биолошки ритам. Покрај тоа, времето на будењето на децата во текот на работните дена и во текот на викендот било скоро слично, што истражувачите го сметаат за важно. Кога станува збор за успехот на училиште, тој бил значително подобре - заклучните оценки биле за 4.5 отсто повеќе отколку претходно. И за крај, но не и најмалку важно, се намалил и бројот на изостаноци и доцнење на првиот час.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука