X
 19.10.2020 Живот

Секогаш доцните, но тоа не е ваша вина

Исповед: Имам тенденција да доцнам, но само за одредени работи. На пример, ретко доцнам кога имам рок или кога треба да правам интервју. Сакам да бидам точен и ниту една минута порано. Но, речиси секогаш доцнам на забава или состанок.

И навистина се чувствувам лошо кога доцнам. Сепак, истражувањата покажуваат дека на 20 отсто од населението им е тешко да бидат точни. Се чини дека времето работи поинаку за нас. Ние го „виткаме“ времето; понекогаш се шири, понекогаш се стеснува.

Ваквото однесување на „виткање“ на времето е составено од компоненти што се комбинираат кога некој доцни. Овие луѓе:

- Имаат проблем со мерење на времето и обично го потценуваат за 20 до 30 отсто;

- Се обидуваат да направат дополнителна задача непосредно пред крајниот рок;

- Имаат ментален блок за „времето на транзицијата“ и како резултат на тоа редовно излегуваат од дома пет минути подоцна од планираното;

- Потсвесно се спротивставуваат, па заминуваат во последната минута.

Така, нашето размислување станува нелогично и доцниме иако сакаме да стигнеме навреме.

1
Фото: Unsplash

До природата е, а не до воспитувањето


Луѓето често се прашуваат зошто не се запре ваквото однесување, но тоа е вродено. Овие луѓе имаат тешкотии да ја напуштат навиката. За среќа, кај луѓето што доцнат и не е сè така лошо. Иако универзално се критикувани затоа што доцнат, тие никогаш не добиваат пофалби за позитивните атрибути како што е приспособливоста. Ним не им пречи кога некој ќе ги прекине среде некоја интересна активност. Овие луѓе можат да ја зголемат брзината со која работат, добро се фокусираат под притисок и не доцнат кога станува збор за реални рокови.

Доцнењето честопати се смета за дефект на карактерот, особено на работното место. Но, ова негативно гледиште е неразмерно и треба да се оспори. Луѓето што пристигнуваат рано на состаноци и настани честопати се помалку продуктивни од оние што пристигнуваат неколку минути подоцна бидејќи тие работеле до крајниот рок на нивната претходна задача.

Во нашите животи овие предности тешко поминуваат. Блиските луѓе се повредуваат кога ќе сфатат дека можеме да стигнеме навреме кога е важно, но доцниме кога станува збор за нив. Тие мислат дека го правиме тоа намерно.

Одвикнување од навиката

Ако сакате да се ослободите од навиката на хронично доцнење, постојат неколку работи што можете да ги направите. На пример, барајте рок. Рокот мора да биде реален и да има последици, затоа што овие луѓе најефикасно работат непосредно пред одреден рок.

Одвикнувањето може да биде тешко, но вреди. Оние што доцнат честопати негираат и не се гледаат себеси како личности што доцнат, бидејќи тоа не се случува секој пат. Ова може да ги наруши односите бидејќи предизвикува болка и лутина кај партнерите. Ќе помогне ако можат да разберат дека ова е комплексен проблем за 20 отсто од населението.

Автор: Стефани Воца
Извор: Fast Company
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот