Оваа слика од Плутон од леталото „New Horizons“ на LORRI (Long Range Reconnaissance Imager) беше направена на 8 јули, и е комбинирана со пониска резолуциска боја од инструментот Ралф.
Пет милиони милји далеку од Плутон, леталото ја направи најјасната фотографија на џуџестата планета. Фотографијата покажува три региони на Плутон, некои потемни од другите. Два региони се издвојуваат вклучувајќи темна област по должината на екваторот позната како „китот“ и светла точка од десно, вели НАСА.
Фотографијата е неверојатно јасна, но леталото може да направи уште подобра фотографија наскоро. „Следниот пат можеме да го видеме дел од Плутон во најблизок пристап, дел од овој регион ќе биде фотографиран со 500 пати подобра резолуција од оваа на фотографијата“, вели истражувачот на НАСА Џеф Мор. „Ќе биде навистина неверојатно!“.