X
 03.04.2015 Наука

Плутон и Церера може повторно да станат планети

Овогодинешните мисии до надворешниот дел од сончевиот систем можеби ќе го променат бројот на планети во него.


Церера е најголемото тело во астероидниот појас. Вселенската ракета „Dawn“ на НАСА ќе пристигне на џуџестата планета на 6 март годинава.

Плутон е најголемото тело во Кајперовиот појас. Вселенската ракета „New horizons“ на НАСА ќе пристигне на џуџестата планета на 15 јули годинава.

Двата настани ќе ја направат годината возбудлива за истражување на сончевиот систем. Но, во оваа приказна има многу повеќе од обични научни потреби. Се очекува годинава да се донесе дефинитивен заклучок за телата кои можеби ќе ги вратат во семејството на планети од сончевиот систем.


Во 2006 година, Плутон беше отстранета од ова семејство од страна на Меѓународната астрономска унија. Церера и Плутон се сфероидни тела, како и Меркур, Земјата, Јупитер и Сатурн. Тоа е дел од спогодбата за дефиниција на планета. Двете кружат околу ѕвезда, Сонцето, како и Венера, Марс, Уран и Нептун. И тоа е дел од дефиницијата за планета.

Меѓутоа, за разлика од поголемите планети, Церера и Плутон не го исчистиле своето соседство околу орбитата. Соседството на Церера е астероидниот појас, а на Плутон е Кајперовиот појас.

Никогаш посетените од човекот Церера и Плутон еволуираат и се менуваат. До крајот на годината, можеби, тие ќе станат планети повторно.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука