X
 13.10.2015 Технологија

Бесплатна тастатура која работи со поглед

Тастатурата која работи со движење на очите е наменета за луѓето кои страдаат од Лу Гериг болеста или некоја слична болест, поради што не можат да ги контролираат мускулите.

 

т


Оваа нова бесплатна тастатура наречена „ОptiKey“ има копчиња кои можат да се „притиснат“ со движење на очите. Таа е дизајнирана од  Џулиус Свитланд, 32 годишен девелопер од Лондон.

На тастатурата тој работел три години, а развиена е за Wndows уредите и компатибилна е со сите уреди за следење на движењето на очите. Со помош на „OptiKey“ корисниците имаат можност со притискање на копчето „Speak“ да „изговорат“ зборови кои ќе бидат внесени во компјутерот.

Моментално тастатурата е во процес на тестирање во кое учествува пациент од Кралската болница во Лондон, но и други заинтересирани можат да ја тестираат за да видат дали работи. Потребно е само бесплатно да ја преземете ТУКА.

На видеото подолу можете да видете како изгледа користењето на компјутерот со помош на очите и на „OptKey“.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија