X
 10.07.2015 Култура

Само вистинските генијалци можат да ги решат овие загатки

Загатките се еден вид на задачи кои треба да ги решиме со малку повеќе размислување, особено во текот на летниот период кога на мозокот му треба поолема активност.

 

zagatka


Со овие десет загатки проверете колку можете остроумно да размислувате.


1. Сиромашните го имаат. На богатите им е потребно. Ако го изедеш ќе умреш. Што е тоа?

2. Висока сум додека сум млада, а ниска кога ќе остарам. Што сум јас?

3. Таткото на Марија има пет ќерки. Тие се викаат Нана, Нини, Нене, Ноно... како се вика петтата ќерка?

4. Во приземна розева куќа живи розев човек, розева мачка, розева риба, има розев компјутер, розева маса, розев телефон, розево купатило - се` е розево. Кои бои се ѕидовите на вториот спрат?

5. Што се појавува еднаш во минутата, два пати во моментот, но нитуедна во илјада години?

6. Што можете да фатите, а не можете да фрлите?

7. Што е лесно како перче, но ни најсилниот човек не може да го држи подолго од неколку минути?

8. Што е толку деликатно што само при изговарање на името се крши?

9. Човек возел автомобил. Немал запалени светла. Месечинатане излегла. Пред него жена ја преминувала улицата. Како ја видел?

10. Ако електричниот воз патува на југ, во која насока од чадот од оџакот?

 

Решенијата се под фотографијата.

 

2


1. Ништо
2. Свеќа
3. Марија
4. Нема втор спрат, куќата е на приземје.
5. Буквата „м“.
6. Настинка
7. Здив
8. Тишина
9. Беше ден
10. Возот е електричен, нема чад.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура