X
 08.10.2016 Култура

"Кочијашкиот речник" е карактеристика на високоинтелигентните личности



Псуење


Студиите докажале дека псуењето, во зависност од местото во реченицата и навременоста, може да ги зголеми ефектот и убедливоста на пораката, пренесува Индипендент.

Студија од 2006 година покажала дека содржината на политичкиот говор има поголемо влијание врз слушателите кога во него ќе се вметне умерената псовка „по ѓаволите“ на почетокот или на крајот од излагањето. Но, се открило и дека псуењето не влијае врз кредибилитетот на говорникот.

Слична студија што била спроведена во 2014 година, открила дека една блогерска објава од фиктивен политичар што содржела многу псовки, го подобрила мислењето на читателот за авторот. Меѓутоа, кога испитаниците биле прашани дали тоа ја намалува веројатноста дека ќе гласаат за тој политичар, одговориле дека тоа не го променило нивното мислење.

Истражувачите претпоставиле дека псуењето е поприфатливо заради неформалната природа на блогерската објава на интернет.

На пример, се откри дека корисниците на Твитер на интернет псујат 64-отсто повеќе отколку во секојдневниот говор.

Истовремено, неодамнешна студија утврдила дека псуењето е знак за висок коефициент на интелигенција кај личноста што псуе, поради што поверојатно е дека убедливите луѓе ќе вметнат некоја псовка во својот говор.

Како и да е, се чини дека страста изразена преку псовка ги поттикнува луѓето да обрнат внимание што се зборува.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура