X
 16.03.2015 Живот

Најинтелигентните луѓе во светот

Кои се најинтелигентните луѓе во денешницата?

 

1


10. Џејмс Вудс - 180 IQ

Глумецот најпознат по филмовите „Once upon a time in America“ и „Casino“ може да се пофали со завидни логички способности. Освоил две Еми награди, и два пати бил номиниран за Оскар. Тој е врвен математичар, а студирал и алгебра.

9. Кенет Ферел - 190 IQ

Докторот од американската сојузна држава Северна Каролина е член на неколку здруженија кои се занимаваат со логички способности, а решавањето на ваквите задачи му е хоби. Самиот создал неколку тестови со броеви и вербални тестови.

8. Гари Каспаров - 190 IQ

Истиот коефицент на интелигенција како Ферел го има и познатиот шахист Гари Каспаров. Уште на 22 години Гари станува најмладиот шаховски првак во светот, освојувајќи ја светската титула на големиот Анатолиј Карпов.

7. Мерилин Вос Савант - 190 IQ

Оваа дама пишува колумни за американскиот „Parade Magazine“. Учествувала на неколку мерења кадешто се наоѓал и Ферел, меѓутоа секогаш им била пресметана истиот коефицент на интелигенција. Некое време го држела Гинисовиот рекорд како жена со највисок коефицент на интелигенција.

6. Рик Роснер - 192 IQ

Овој необичен генијалец работел како шанкер и стриптизер, а учествувал и во квизот „Кој сака да биде милионер“. Неговите пријатели тврдат дека 20 часа во денот решава различни логистички задачи за да се искачи повисоко на листата на наијнтелигентни луѓе во светот.

5. Мислав Предавец - 192 IQ

Професорот по математика од Загреб е сопственик на мала компанија која се занимава со трговија, а ја основал и елитната организација „General IQ Society“, која ги собира најинтелигентните луѓе во светот. Обожава рок музика, особено Pink Floyd и уметност, а фаворит му е Леонардо да Винчи.

4. Евангелос Катсиоулис - 198 IQ

Евангелос е доктор од Грција, а специјализирал во полето на психијатријата. Има дипллома во три области - филозофија, психофармакологија и истражувачка насока на медицинската технологија. Во слободно време се занимава со сликарство и пливање, а сака и да патува.

3. Ким Унг Јонг - 210 IQ

Јужнокореецот уште од мал бил генијалец. Започнал да зборува на шест месеци, а на три години читал текстови на јапонски, англиски и германски. На четири години започнал да слуша академски предавања, а на осум години бил повикан во НАСА да студира во Америка. Како тинејџер започнува да работи за нив, но на крајот се враќа во неговата земја.

2. Кристофер Хирата - 225 IQ


На 13 години го освојува златниот медал од физиката на Интернационалната олимпијада, со што станал најмладиот Американец со ова признание. На 22 години станува доктор на науки на Принстон, а денес работи на проект на НАСА во кој се обидува да дојде до решението како човек да го насели Марс.

1. Теренс Тао - 230 IQ


Теренс е математичар од австралиско-американско потекло. Уште на 3 години започнал да решава аритметички задачи, а на 9 години започнува на факултет. Станува доктор на науки на Принстон на 20 години. На 24 години се вработува како професор на Универзитетот во Лос Анџелес, а досега има над 230 објавени трудови.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот