X
 13.07.2015 Технологија

Што се` авиокомпаниите се подготвени да направат за пари?

Како економското патување да не беше доволно, па алчните авиокомпании со надеж дека ќе го зголемат нивниот профит се обидуваат да стават уште повеќе луѓе на авион.

 

седиште


Авиокомпанијата „Zodiac Seats France“ патентира нова конфигурација на седишта со кој патниците ќе бидат еден наспроти друг.

Наречено „Economy class cabin hexagon“ овој вид на седење ја уништува приватноста која претходно ја имаат патниците од економска класа - како на пример гледање на телевизија или слушање на музика.

За среќа, идејата е само патент, а авиокомпанијата барем во моментов нема планови да го направи тоа реалност.

Авиокомпаниите неодамна експериментираа со нов начин на кој ги тераат патниците да плаќаат повеќе, на разни бизарни начини. Така, авиокомпанијата од Даблин „Ryanair“ започна да наплаќа за користење на тоалетот и за дополнителни помошни додатоци како чекирање на чанта (40 долари), и 14 долари кога плаќате со дебитна или кредитна картичка на авион.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија