Развојот на технологијата неминовно води кон развојот на вештачката интелигенција. Некои се среќни и возбудени поради тоа, а други се исплашени. Колку е безбедна вештачката интелигенција, впрочем?
Вештачките мозоци веќе постојат со децении. Тие управуваат со авионите и бараат присуство, но не и внимание на пилотот. Автономните автомобили ќе бидат првите машини кои независно ќе донесуваат одлуки наскоро. Оваа мисија за Џери Каплан, автор на книгата „Humans need not apply“ е добра и воопшто не претставува причина за страв. Според него, автономните возила ќе бидат многу побезбедни и ќе спасуваат животи.
Напредната технологија отсекогаш била особено интересна за војските, кои работат на беспилотни леталки. Овие летала би можеле да донесуваат одлуки за животот и смртта на луѓето, а ова веќе претставува проблем за многумина.
- Кој ќе биде одговорен кога некој од сите системи би убил невин цивил? Многу е нејасно, не знаеме како да ја разбереме оваа ситуација. Дали ќе биде одговорна личноста која го направила роботот, оној кој го програмирал или оној кој го вклучил? - прашува Тоби Волш од Универзитетот во Нов Јужен Велс.
Технологијата оди напред, а вештачката интелигенција може да предизвика добри и лоши работи. Научниците предупредуваат подобро да се прилагодуваме на промените.
- Постои период, преоден период за време на кој луѓето остануваат без работа и мора да добиваат нови знаења. За жал, поради забрзаниот развој на овој вид автоматизација, тие краткорочни проблеми ќе бидат многу потешки. - заклучува Каплан.