X
 01.02.2022 Технологија

Американските власти сакаат да ги регулираат криптовалутите како прашање на национална безбедност

Високата нестабилност на пазарот на криптовалути, јасно прикажана со огромниот пад во втората половина на јануари, ја поттикна администрацијата на Бајден да напише извршна наредба за заострување на регулативите.

Една од најчестите критики на демократите, кога и да се на власт во САД, е дека тие се обидуваат да пререгулираат сè или да решаваат нови проблеми со нови и комплицирани федерални или државни регулативи. Застапниците на криптовалутите, од друга страна, ја посочуваат слободата од сите можни регулативи во финансискиот или банкарскиот сектор како нивна најголема предност. Значи, што се случува кога криптовалутите почнуваат да „дивеат“, а со Америка управува член на Демократската партија?

Погодувате - план на нови прописи.

Администрацијата на Бајден забележа огромен пад на вредноста на пазарот на криптовалути овој месец и сфати дека големата нестабилност на тој пазар може лесно и брзо да осиромаши многу граѓани. Освен големите промени во цените на биткоинот и другите водечки криптовалути, популарни станаа и НФТ, чиј пазар порасна од речиси нула на 41 милијарда долари минатата година.

Се чека извршна наредба

Сето горенаведено ги вклучи „црвените светилки“ во Белата куќа, па Џо Бајден и соработниците имаат план во наредните недели да издадат извршна наредба со која ќе ги повикаат релевантните федерални агенции да воведат построги регулативи во областа на дигиталните средства. Оваа иницијатива ќе ги опфати криптовалутите, НФТ и сите слични средства како „прашање за национална безбедност“.

На крајот, треба да се создаде сеопфатен сет на закони и регулативи кои кохерентно ќе ја презентираат политиката на Белата куќа кон криптопазарот. Во донесувањето на прописите ќе бидат вклучени советници за национална безбедност и економија, финансии, како и МВР и државниот трезор.

Бидејќи криптовалутите лесно се движат преку националните граници, луѓето на Бајден планираат да се консултираат со меѓународни партнери за ова прашање.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија