X
 21.08.2015 Технологија

Пристигнува нова технологија - беспилотни летала за селфи

dron 

 

Швајцарската компанија „Perspective Robotics“ со својот проект ќе ги изненади љубителите на селфи фотографиите.


Имено, компанијата со седиште во Цирих планира да лансира проект кој ќе направи револуција во познатите „селфи“. Уредот е наречен „Foto Kite Phi“ и е пластично беспилотно летало со камера.

Главната разлика меѓу овој производ со постоечките уреди на пазарот е неговото користење. Беспилотното летало нема да има команди за далечина ниту навигација преку паметен телефон, туку ќе биде поврзано со ремен кој ќе овозможува должина до осум метри.

Уредот ќе тежи 300 грама и ќе биде лесно пренослив, а неговата единствена маана е тоа што има ограничена автономија до 15 минути.

Проектот е се`уште во фаза на создавање, но веќе има добиено дозвола за употреба на јавни места во Швајцарија и Франција, а се очекува да добие дозвола и во Америка.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија