Министерството за образование го објави конкурсот за сместување на студенти во државните студентски домови во Македонија за претстојната студиска 2015/2016 година.
Во битолскиот студентски дом Кочо Рацин ќе можат да престојуваат 385 студенти. Од домот велат дека потребни се сите документи пред да се пополни електронска апликација за да не се направат грешки.
Во академската 2015/2016 година Кочо Рацин ќе прими 385 студенти, а конкурост е веќе објавен и аплицирањето може да се направи на веб страната на министерството www.smestuvanje.mon.gov.mk каде ги има и потребните документи.
Од вкупниот капацитет, 40% се наменети за студентите од социјално ранливите категории, а целиот трошок го покрива државата; 25% се за студентите кои постигнале високи успеси за кои повторно целиот трошок го покрива државата. За останатите студенти износот што треба да се плаќа е 3.450 денари.
Иако капацитетот во домот секоја година се исполнува во целост, потребно е да се направат дополнителни реконструкции за подобрување на животниот стандард на студентите, иако директорката вели дека студентскиот дом е повеќе од подготвен за прием на новите студенти.