Студентите сместени во домовите во надлежност на Државниот студентски центар секое утро ќе добиваат смути од овошје и зеленчук со појадокот. Државниот студентски центар соопшти дека отсега студентите со секојдневниот појадок ќе може да одберат смути од овошје или зеленчук.
Блендерите за кујните во студентските домови ,,Кузман Јосифовски Питу“, „Гоце Делчев“ и ,,Стив Наумов“ се донација од Про Кредит банка како прва активност во рамките на меморандумот на соработка.
- Преку соработка со општествените одговорни компании ги подобруваме условите на студентите во сите студентски домови - соопштија од Државниот студентски центар.