X
 15.07.2015 Култура

Ѕирнете во светот на сајбер-криминалците преку CSI:Cyber



Љубителите на филмските серијали ЦСИ (CSI), на регионалната интернет телевизија Pickbox (која е достапна и во Македонија), започнувајќи од 25-ти месецов, можат да го погледнат четвртиот spin off серијал од ЦСИ сериите насловен како “CSI: Cyber“. Ова е прва ЦСИ серија која не е насловена по некој град.

Во фокусот на серијата е екипата на технолошки генијалци од ФБИ која е одговорна за сајбер-криминал, задолжена да ги реши случаите кои почнуваат во виртуелниот а завршуваат во реалниот свет.



Во продолжение проследете го интервјуто со Џејмс Ван Дер Бик кој во серијата ја игра улогата на специјалниот агент Илајџа Мундо

1. Како реагиравте кога ви ја понудија улогата на Илајџа Мундо?
Џејмс ван дер Бик: „Кога ме повикаа и ми понудија да се придружам на една од најголемите телевизиски франшизи во телевизиската историја, да соработувам со Патриша Аркет, да се фатам во костец со новиот свет на киберкриминалот во серијата 'ЦСИ', да играм момче што крши врати, што става лисици на луѓе и води истраги, бев многу возбуден.“

2. Што ќе добие публиката во серијава?
Џејмс ван дер Бик: „Сценаристите многу добро си ја завршиле работата, опишувајќи го светот на киберзлосторствата така што не прикажале само еден куп луѓе како зјапаат во монитор. Навистина ѝ дале динамичност на серијата. Преполна е со пресврти и со заплети. Тоа е нешто што публиката може да го сфати и да го следи, а може и да научи многу за овој сосема нов свет на хакирањето, за спемувањето и слични работи, и на крајот на краиштата, тоа е нешто за што е добар ликот на Патриша, да ги профилира луѓето што стојат зад овие киберзлосторства.“

3. Како Илајџа Мундо помага киберкриминалците да се изведат пред лицето на правдата?
Џејмс ван дер Бик: „Тие луѓе некаде живеат. Тие некаде се кријат. Тие луѓе мора да бидат физички спречени, а тука настапувам јас. Тоа е, всушност, комбинација од новиот свет на киберкриминалот и стариот свет на борбата против криминалот.“

4.Како изгледа работата на серијата?
Џејмс ван дер Бик: „Кога ќе потпишете договор за франшизата 'ЦСИ' чувствувате дека сте помеѓу големите играчи. Ја чувствувате тежината на тоа и колку сите околу вас се професионални. Но, кога првпат дојдов на снимање, се вџасив. Не можев да поверувам дека ќе го работам тоа. Импресивно е, супер е, ново, модерно. Се случува во сегашниот



5. Што најмногу ви се допаѓа во играњето на ликот Илајџа Мундо?
Џејмс ван дер Бик: „Тој е маж. Типче е. Добро си ја врши работата. Ефикасен е, услужлив. Тој е поранешен војник што дошол во ФБИ за да ѝ помогне на една од најпаметните и најостроумни жени на светот, која ја игра Патриша Аркет.“

6. Уште нешто за ликот на Илајџа Мундо.
Џејмс ван дер Бик: „Забавно е да си во негова кожа во овој период од мојата кариера кога ми е понудена улога на мажиште, затоа што многу се забавував редејќи разни работи во текот на кариерата. Имам играно во комедии, драми, тинејџерски мелодрами, а играњето на лик што решава злосторства е навистина нешто сосема ново. Многу е забавно.“

7. Колку бара улогата од физички аспект?
Џејмс ван дер Бик: „Како дете сонувате да станете актер и замислувате дека скокате врз коли и дека кршите врати, дека скокате во реки и во езера за да спасите луѓе. Тоа го правам во серијава и многу е забавно.“

8. Зошто епизодата 101 „Киднапирање 2.0“ е толку шокантна?
Џејмс ван дер Бик: „Нашиот став спрема киберзлосторствата е дека тоа може да ви се случи и вам. Во првата епизода ја допреа суштината на тоа што прават луѓето обидувајќи се да се заштитат себеси и своите бебиња. Некој ја хакирал камерата за бебе за да го украде бебето и да го продаде на црниот пазар.“

9. Зошто публиката ќе биде заинтересирана за серијата за киберзлосторствата?
Џејмс ван дер Бик: „Киберзлосторствата се нешто што моментално се случува и имам чувство дека сме ја допреле само нивната фасада. Тоа им се случува на сите. Се случува низ целиот свет и нивните жртви веројатно погрешно ги толкуваат тие настани. Мислам дека сега е совршен миг за снимање серија за хакирањето и за престапите на интернет. Совршено е што тоа се прави низ раскажувачката призма на „ЦСИ“ со екипа што многу долго го прави тоа и е многу добра во наоѓањето реални ситуации што потоа се претвораат во еден час телевизиска забава. Сега е совршен миг за тоа.“

10. Како изгледа соработката со Патриша Аркет?
Џејмс ван дер Бик: „Патриша Аркет долго беше една од моите омилени актерки. Настапив во една епизода од серијата 'Медиум' само затоа што сакав да работам со неа. Кода дознав дека таа учествува во снимањето, воопшто не се двоумев. Ја познавам приватно и знам дека е добра личност, но соработката со неа е вистинско задоволство. Таа е толку моќна. За толку мала личност, знае да зададе силен удар, и вистинско задоволство е да ја гледаш како работи, а особено да играш со неа во сцените, особено во сцените со распит, кога без зборови сфаќаме кој ќе го игра добриот а кој лошиот полицаец. Постојано ме изненадува со своите одлуки, особено во процедуралните серии. Важно е во главната улога да биде некој што постојано изненадува.“



11. Која е тајната на успехот на серијата „ЦСИ“?
Џејмс ван дер Бик: „Мислам дека тајната на серијата 'ЦСИ' е во луѓето што работат на неа, од Ентони Зикер, создавачот на серијата, Џери Брукхајмер и Џонатан Литман, кој активно учествува во создавањето на секоја епизода, до Керол (Менделсон), Ен (Донахју) и Пем Виси кои соработуваат со сценаристите. Тие луѓе навистина го сакаат тоа што го работат. Тие сакаат да ја сторат вистинската работа, љубопитни се, сакаат да ги дознаат вистинските податоци. Сакаат сето тоа да го прикажат на забавен начин и тоа многу добро го работат. Искусни се и сфаќаат за што се работи.“

12. Колку е забавна серијата?
Џејмс ван дер Бик: „Кога луѓето ќе ја гледаат серијава, ќе ги изненади колку добро можат да ја следат технологијата, а исто така ќе се изненадат колку се страшни киберзлосторствата и на колку начини злосторниците можат да им наштетат ним и на луѓето што ги познаваат. Нашата цел не е да ги исплашиме луѓето и да ги одвратиме од технологијата. Сакаме малку да ги едуцираме за да станат посвесни за тоа што може да се случи, но крајната цел е да ги забавуваме.“

13. Која е најважната работа што ја научивте додека го игравте ликот на Илајџа Мундо?
Џејмс ван дер Бик: „Најважното што го научив е тоа дека сѐ што може да се поврзе на интернет може и да се хакира. Мислите дека поврзувањето на монитор за бебиња или термостат на интернет не е ништо посебно. Луѓето имаат паметни фрижидери. Сето тоа може да се хакира, па со самото тоа некому му се овозможува да дознае нешто за вас, а што ќе направи со тие податоци, тоа зависи од карактерот на таа личност. А има многу лоши луѓе.“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура