Иако финалето на „Игра на троновите“ сè уште не е премиерно прикажано, фановите бараат преснимување на последната сезона.
Повеќе од 300.000 изнервирани фанови потпишаа
петиција што ги повикува продуцентите да ја преснимат последната сезона на адаптацијата на Ејч-би-о на книгите на Џорџ Р. Р. Мартин.
- Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс докажаа дека се некомпетентни писатели кога немаат изворен материјал (односно книгите). Серијата заслужува последната сезона да има некаква смисла - вели Дилан Д., кој ја покренал петицијата.
Фото: НВО
Бениоф и Вајс беа мета на онлајн-критики од фановите на „Игра на троновите“, кои сметаат дека продуцентите станале мрзливи кога станува збор за последната сезона. Критиките почнаа со поплаките за третата епизода „Битката во Винтерфел“ дека е премногу темна и не може да се види ништо, сè до сцената со кафето, кога кафе од „Старбакс“ случајно беше оставено на сцената. Критиките продолжија и оваа недела поради фотографијата на која отсечената рака на Џејми Ланистер всушност повеќе не е отсечена.
- Раката на Џејми магично закрепна во петтата епизода - пишува еден фан.
- Уште еден доказ дека Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс едноставно повеќе не се грижат за „Игра на троновите“ - пишува друг.