Серијата-претходник на „Игра на троновите“, „Куќата на змејот“, привлече речиси 10 милиони гледачи на Ејч-би-о во неделата, што ја прави најгледаната серија во историјата на овој стриминг-сервис.
Долгоочекуваната серија го следи семејството Таргариен и се одвива околу 200 години пред Денерис да се бори за Железниот трон.
„Куќата на змејот“ ја имаше најимпресивната премиера досега на Ејч-би-о макс во САД, Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток и во Африка.
Премиерата го надмина финалето на втората сезона на серијата „Еуфорија“, која имаше 6,6 милиони гледачи.
- Беше прекрасно да се видат милиони обожаватели на „Игра на троновите“ како се враќаат во Вестерос со нас. „Куќата на змејот“ има неверојатна талентирана актерска екипа која ги вложи своето срце и душа во продукцијата. Воодушевени сме од позитивниот одѕив на гледачите. Со нетрпение очекуваме да споделиме со публиката што друго Џорџ Р. Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочлник подготвуваат оваа сезона - изјави директорот на содржина на Ејч-би-о и Ејч-би-о макс, Кејси Блојс.
Успехот на „Куќата на змејот“ доаѓа во добар момент за Ејч-би-о макс, кој неодамна беше критикуван поради отстранувањето на содржината од својата стриминг-платформа. Откако матичната компанија на Ејч-би-о, „Ворнер брос дискавери“, го откажа филмот „Бат-девојка“ вреден 90 милиони долари, ова беше уште една серија за „Бетмен“ отфрлена од Ејч-би-о макс.
Дали „Куќата на змејот“ може да ја спаси „Игра на троновите“?
И покрај многубројните награди „Еми“ и обожаватели кои сакаат да го следат секој пресврт во сагата „Песна за мраз и оган“, сè се сруши кога осмата сезона ја доживеа премиерата. Многумина ја критикуваа продукцијата поради избрзаното финале бидејќи приказната „брзаше“ кон епски крај со Белите шетачи и Ноќниот крал, кој брзо беше уништен од Арја Старк.
Денерис Таргариен, исто така, седна на Железниот трон, но не пред да ги запали луѓето од Кингс Лендинг. Работите да бидат уште полоши, Џон Сноу ја уби својата тетка за да ја спречи нејзината смртоносна мегаломанија откако од прва рака виде како моќта влијае врз неа. На крајот, Дрогон го уништи Железниот трон и го однесе телото на неговата мајка, веројатно во Валирија.
Вестерос потоа стана република со господари низ сегашните шест кралства, по отстапувањето на Северот, кој гласаше за нов владетел. Брен Старк стана првиот избран лидер на континентот.
Една од главните критики за последната сезона на „Игра на троновите“ беше ненадејниот крај. Но, и пред осмата сезона, рејтингот на серијата веќе беше паднат.
Каква беше гледаноста на „Игра на троновите“ и како „Куќата на змејот“ може да ја надмине?
Оцените од крајот на четвртата сезона на IMDb, Метакритик и „Ротен томејтос“ покажуваат постојан пад на критиките.
Вкупниот просечен резултат од овие три веб-страници за оценување беше 9,1 и го означи конечниот успех на серијата.
Додека IMDb забележа краток скок во рејтингот со седмата сезона, рејтингот за последната сезона опадна, а најдрастичен пад беше забележан на веб-страницата Метакритик.
Просечната оцена беше 6,5 ѕвезди, а „Ротен томејтос“ ја опиша осмата сезона како предизвикување колективни морници низ светот.
За „Куќата на змејот“ да ја надмине „Игра на троновите“ и да послужи како светилник за франшизата, ќе биде потребно да добие оцена 8,3 за првата сезона како целина.
За посетување, премиерата на „Куќата на змејот“ беше емитувана на 21 август и има одлична оценка на IMDb: 9. Со оглед на одличниот резултат, се поставува прашањето дали „Куќата на змејот“ ќе ги надмине очекувањата на публиката и ќе ја спаси „Игра на троновите“?
Насловна фотографија: Screenshot/YouTube