X
 20.10.2021 Култура

„Игра со лигни“ ќе му донесе 900 милиони долари на „Нетфликс“

Популарната серија „Игра со лигни“ ќе му донесе 900 милиони долари на „Нетфликс“, според тајни документи видени од „Блумберг“. Во документите се открива и дека снимањето на серијата чинело 21,4 милион долари, што е многу поевтино од другите познати серии на платформата.

„Игра со лигни“ стана глобален хит и најгледана оригинална серија на „Нетфликс“. Дури 132 милиони луѓе гледале барем 2 минути од серијата, а тоа е повеќе од 82 милиони што ја гледале „Бриџертон“.

Серијата е за брутален натпревар во кој луѓе со големи долгови се натпреваруваат за парични награди. Натпреварувачите играат детски игри, но може да бидат убиени доколку изгубат.


Документите на „Нетфликс“ покажуваат дека серијата создала вредност од 891 милион долари за компанијата. Компанијата ја користи оваа мерка за оцена на финансиското значење на сериите.

Снимањето на секоја епизода на серијата чинело 2,4 милиона долари, што е помалку од 13 милиони долари на „Круната“ и 12 милиони долари за епизода на „Почудни нешта“.

Според „Нетфликс“, 89 отсто од луѓето што ја почнале серијата гледале барем 75 минути. Дури 66 отсто, односно 87 милиони луѓе ја завршиле серијата во првите 23 дена по премиерата.

Извор: Business Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура