X
 15.07.2015 Култура

Во што се разликуваат Швеѓаните од нас?

Погледнете ги основните разлики меѓу Швеѓаните и нас, Македонците, па доколку одлучите да живеете во Шведска треба да ги знаете следните неколку работи.

 

1


1. Шведска живее во согласност со филозофијата дека во животот треба да се има доволно од се`, но не премногу. Такашто, никако немојте да се однесувате распуштено.

2. Швеѓаните сакаат да прославуваат необични фестивали, па затоа никогаш немојте да велите дека авангардата ви е „чиста глупост“.

3. Тие најмногу ја сакаат црната и белата боја. Другите бои никако не ги споменувајте.

4. Меѓу рибите најзастапена е конзервираната која се лови во Балтичкото море. Никако не одбивајте специјалитет од овој тип.

5. Нема да поверувате но, без оглед на стандардот, Швеѓаните сите исто се облекуваат. Затоа, не покажувајте дека сте подобри од нив.

6. Швеѓаните се познати по тоа што зборуваат директно. Затоа размислете пред да им кажете било што и никако немојте да ги лажете.

7. Постои позната шведска поговорка која се преведува „Зборувањето е сребро, а молчењето злато“, и тоа често доведува до заблуда дека Швеѓаните се срамежлив народ. Воопшто не се, па не треба да бидете ниту вие.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура