X
 15.05.2017 Живот

Пиво кое се пие за време на туширање

Заборавете на релаксирање во бањата со чаша вино, сега можете да стоите под туш и да пиете пиво специјално дизајнирано за таа прилика.

фото извор: Snask

Две шведски компании „PangPang“ и „Snask“ заедно го креирале овој пијалок, наречен „Shower Beer“.

Се продава во мали шишиња кои потсетуваат на продукти за во бања, а пивото е светло и силно, совршено за оние кои се брзаат. Пивото е наменето да биде испиено во само три голтки, па не треба да се грижите дали ќе влезе вода во шишето.

За сега, пивото е достапно само во Шведска и првите производи се продале веднаш, но следуваат уште добри вести. За повеќе информации, посетете ја веб страницата на компанијата „Snask
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот