X
 28.12.2022 Живот

Во Шведска најмногу, во Данска најмалку - колку автомобили се крадат во Европа?

Објавен е инфографик кој прикажува во која земја во Европа се крадат најмногу автомобили. Инфографикот бил направен врз основа на податоци од 2020 година.

Според него, Шведска се наоѓа на врвот со украдени 207 автомобили на 100.000 жители. На второ место се наоѓа Италија со 169 украдени автомобили на 100.000 жители, па следува Холандија со 155 украдени автомобили на 100.000 жители.

На последно место на листата се наоѓа Данска со украдени 5 автомобили на 100.000 жители. Во Естонија, во 2020 година биле украдени 8 автомобили на 100.000 жители, а во Романија биле украдени 9 автомобили на 100.000 жители.

Бугарија и Хрватска се меѓу земјите со најмалку украдени автомобили. Во секоја од нив биле украдени 17 автомобили на 100.000 жители.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот