„Тинг 1“ во Орнсколдсвик е една од најуникатните станбени згради во Шведска, а воедно ја добила и титулата најгрда во регионот. Не само поради боите и уникатната архитектура, туку и поради начинот на кој е изградена.
„Тингшусет“ (Судница), во центарот на Орнсколдсвик, е бетонска зграда од 1967 година. Објектот е изграден во дворот на судската палата и се протега по целата ширина над покривот на судската палата. Во ниту еден момент нема контакт меѓу двете згради.
Од сите страни на фасадата стрчат стаклени балкони - вкупно 78, а се поделени на 51 стан. Темата на смели и топли бои е уникатна и инспирирана од сликите на Бенгт Линдстром.
Локалните жители ја нарекуваат „Тинг 1“ - „лего-куќа“, па дури и „коронавирус“, а самата зграда предизвикува и пофалби и контроверзии. Била финалист за Шведската награда за зграда на годината во 2014 година и ја освоила наградата „Грејт Тајл“.
Дизајнот на зградата е потпишан од познатиот шведски архитект Јерт Вингорд.
Меѓутоа, се појавија различни мислења, при што била означена како „најгрдата зграда во провинцијата Ангерманланд“ на анкета од 2016 година, а била ставена под лупа и од страна на движењето „Аркитектупрорет“ (Архитектонско востание), кое се бори против модернизмот.
Извор: Klix.ba
Фото: Instagram/andres_foto