Ако до пред некое време го баравме летото поради нестабилното време и пониските температури кои што ги имавме, сега можеме вистински да уживаме во вистинското лето и високите температури.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота не очекува тропски ден. Ќе биде сончево и многу топло со високи дневни температури кои ќе достигнат до 30 односно до 40 степени.
Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер.
И утринските температури ќе бидат повисоки и ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени.
УВ индексот ќе има висока вредност 9.
СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 9.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во периодот од недела до среда на целата територија на Македонија не очекуваат тропски денови, температурата насекаде ќе биде над 30-тиот степен, а во Гевгелиско-Валандовскиот регион и над 40 степени, со УВ индекс 9.
Најтопло се очекува да биде во понеделник кога максималните дневни температури ќе достигнат до 32 односно до 42 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.
Во вторник и среда ќе имаме појава на локална облачност, која нема многу да помогне за пад на температурите па максималните ќе се движат од 31 до 41 степени.
Поради високите температури и високиот ув индекс, следете ги препораките од лекарите и избегнувајте директна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот.
Извор:
weather4all.com.mk