X
 29.05.2023 Живот

Од Халкидики до Миконос: Прекрасни дизајнерски хотели во Грција

Се ближат одморите, а многумина ќе се одлучат за Грција како дестинација. Доколку сакате да видите нешто необично оваа година, може да разгледате хотели кои се дизајнирани од врвни локални и странски архитектонски фирми. Во продолжение се неколку прекрасни дизајнерски хотели во Грција во кои може да престојувате.

„Екис ол сенсес резорт“ (Ekies All Senses Resort)


Фото: Ekies All Senses Resort

Дизајнирано за совршено да се вклопи во идиличниот пејзаж на заливот Вурвуру на полуостровот Ситонија, ова одморалиште има 76 соби, 3 ресторани и 2 бара. За дизајнот биле задолжени локални и италијански фирми.

„Олеа ол суит хотел“ (Olea All Suite Hotel)


Фото: Olea All Suite Hotel

Се смета за еден од најсовршените хотели на грчките острови, а бил дизајниран од домашна фирма. Ова одморалиште на Закинтос се простира на 6.000 квадратни метри, има 93 соби и отворен и затворен базен.

„Рокабела Миконос хотел“ (Rocabella Mykonos Hotel)


Фото: Rocabella Mykonos Hotel

Овој хотел бил реновиран во 2019 и оттогаш го има овој дизајн, кој е комбинација на традиционалната архитектура и топографијата. Се наоѓа на Миконос, а има 24 луксузни соби.

„Микониан кима“ (Myconian Kyma)


Фото: Myconian Kyma

Хотелот е сместен на врв на рид во Миконос и има поглед кон Егејското Море. Станува збор за луксузно одморалиште дизајнирано од либанска фирма.

„Парилио“ (Parīlio)


Фото: Parīlio

Сместен во Парос, хотелот е препознатлив по грчката архитектура во комбинација со европски елементи.

„Вора“ (Vora)


Фото: Vora

Хотелот се наоѓа на островот Санторини и се карактеризира со минимален дизајн кој совршено се вклопува во околината. Тој се состои од три вили во кои може да се престојува.

„Критан малиа парк“ (Cretan Malia Park)


Фото: Cretan Malia Park

Оваа модернистичка структура била изградена кон крајот на 80-тите години. Хотелот, кој се наоѓа на Крит, бил реновиран во 2018 година и се карактеризира со повеќе стилови, но го задржува критскиот идентитет.

„Миконос теоксенија“ (Mykonos Theoxenia)


Фото: Mykonos Theoxenia

Оваа ниска градба на Миконос се наоѓа на одлична локација - покрај бели ветерници кои се заштитен знак на овој остров. Хотелот неодамна бил обновен. Тој има 37 соби и 12 луксузни апартмани.

„Ноус Санторини“ (Noūs Santorini)


Фото: Noūs Santorini

Повикувајќи се на традиционалната локална архитектура и природата во Санторини, хотелот има необичен изглед кој совршено одговара на вулканската околина.

„Минос бич арт хотел“ (Minos Beach Art Hotel)


Фото: Minos Beach Art Hotel

Хотелот се состои од повеќе бунгалови сместени на простор долг 2,5 километри покрај морето. Тој се наоѓа на Крит. Комплексот со 121 соба бил дизајниран од четири грчки дизајнерки.

Извор: Gradnja
Насловна фотографија: Minos Beach
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот