X
 20.07.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува во наредните денови?



Понеделник во Македонија повторнио не очекува тропски ден, ќе биде сончево и многу топло со максимални дневни температури кои ќе се движат во интервал од 31 до 42 степени. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринските температури од 14 до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 10.

Во Скопје во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 20 степени, а максималната дневна до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 10.

Во вторник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 15 до 26 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 31 односно до 41 степен. УВ индекс 10.

Во среда тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне во северозападните и западните предели ќе има појава на локална облачност. Утринските температури од 14 до 25 степени, а максималните дневни ќе се движат од 30 до 40 степени. УВ индекс 10.

Претежно сончево и многу топло во четврток. Во попладневните часови зголемување на облачноста во крајните западни предели, каде што постојат и услови за краткотрајни локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат од 14 до 25 степени, а пак максималните дневни ќе достигнат до 30 односно до 40 степени. УВ индекс 9.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот