Денес е понеделник, 18 декември 2017 година, 352-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:50, а ќе зајде во 16:09 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 19 минути.
Ова утро во Македонија имаме облачно и студено време, а во
северозападните, западните и југозападните предели со врнежи од снег.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со послаб
интензитет во Дебар, Крушево, Кичево, М.Брод, Битола и на планинските
превои Плетвар и Стража, но не преставуваат пречка за одвивање на
сообраќајот.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес претежно облачно време со повремени и
слаби врнежи од дожд и снег. Во најголем дел врнежите ќе бидат од снег,
само во крајните југоисточни предели слаби врнежи од дожд. Ќе дува
доумерен североисточен и северозападен ветер. Температурите и понатаму
ќе бидат во опаѓање, минималните од -4 до 3 степени, додека пак дневните
ќе достигнат до -3 односно до 7 степени.
СКОПЈЕ ДЕНА - Во Скопје денес облачно време со слаби врнежи од снег,
ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер.
Утринската температура од 1 степен, а дневната ќе достигне до 3 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови стабилно време но и многу студено
со невообичаено ниски температури за овој период од годината. Во вторник
и среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено
време. Утринските температури од -9 до 0 односно од -11 до -2 степени,
додека пак максималните дневни ќе се движат од -4 до 6 односно од -6 до
4 степени. Ниските утрински температури ќе продолжат и во четврток и
петок кога ќе се спуштат во интервал од -12 до -3 односно од -9 до 0
степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени
сончеви периоди и малку потопло време со благ пораст на дневните
температури кои што ќе се движат од -5 до 5 односно од -3 до 7 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во вторник и среда умерено облачно време со
повремени сончеви периоди и студено време. Утринската температура од -3
односно -5 степени, а пак максималните дневни до 2 односно до 0 степени.
Студените утра ќе продолжат и во четврток и петок кога не очекуваат
минимална температура од -6 односно -3 степени, а во текот на денот ќе
биде умерено облачно со повеке сончеви периоди и малку потопло време со
дневна температура која што ќе достигне до 1 односно до 3 степени.
КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите
мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и
количеството на штетните пм 10 честички насекаде е во границите на
дозволеното. Во изминатите 24 часа речиси насекаде имавме ниско ниво на
загадување на воздугот, а во Скопје и Битола средно ниво на загаденост
на воздухот
Weather4all.com.mk