X
 22.07.2015 Технологија

Најцврстите нови телефони отпорни на секакви услови

Доколку мислевте дека вашиот стар мобилен телефон е најмоќниот уред кој постои, погледнете ги овие уреди. Тие може да „преживеат“ екстремни температури, вода, прав, удари и хакирања.


„Caterpillar CAT S50“

Процесот Qualcomm MSM8926, 2GB RAM, батерија која трае 16 часови со вклучен интернет се основните карактеристики. Телефонот може да функционира на температури од -25 до 55 целзиусови степени, а е водоотпорен до 1 метар за 30 минути, но и отпорен на прав и удари од 1,2 метри. Неговата цена е 460 долари.


„Quechua“

Телефонот е создаден за да биде „отпорен на планини“, односно на ветар, вода и прав. Неговиот екран на допир е направен од цврсто дебело стакло кое апсорбира шокови при удари. Неговата цена е 310 долари.


„Fieldbook F1“

Уредот може да функционира во екстремни температури од -10 до 55 целзиусови степени, како и во вода, по удари и прав. Телефонот може да служи како метеоролошка станица бидејќи во себе има многу сензови како барометар итн.


„Galaxy Xcover 3“

Уредот на „Самсунг“ нема проблем со прав, вода и вода. Освен тоа, тој има екран од 4,5 инчи и меморија од 1,5 GB, заедно со внатрешната меморија од 8 GB. Телефонот чини 248 долари.


Телефонот „Turing“

Телефонот стана достапен на почетокот на летово, а е наречен според Алан Тјуринг бидејќи ветува приватност на податоците и разговорите, кои се кодираат на системски начин. Освен тоа, уредот е направен од материјал кој досега не бил искористен, наречен течен морфиум, кој е посилен од титаниум и челик. Уредот чини 610 долари.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија