Родолф Дутел одлучил да ги сподели своите 7 најомилени совети за користење на G-mail кои не се голема новост, но помагаат при заштедувањето на време.
Првиот работен ден во Google во 2011 година, за Родолф Дутел бил како да оди во училиштето за магионичари, Хогвартс; бил возбуден и не бил сигурен кои се неговите задачи. И покрај тоа, тој бил среќен поради искуството кое ќе го стекне. Следните две години ги обучувал вработените во Google како да го корситат G-mail и како тие да го „продадат“ на компании од сите големини. Иако Родолф повеќе не работи во Google, навиките кои ги стекнал таму и ги научил му користат и денес. Затоа тој одлучил да сподели совети за користење на G-mail на гаџетите, кои можат да заштедат време.
1. Овозможете ја опцијата „Undo send“ за уредување на меиловите во последен момент
Сигурно ви се случило неколку пати во последен момент да направите голема граматичка грешка, но во брзањето сепак сте ја испратиле пораката. Затоа е тука оваа опција која помага при стопирање на испраќањето на меилот за кратко време за да можете да направите поправки.
2. Користете општи содржини на пораки за да заштедите време
Неверојатен е процентот на меилови кои ги испраќаме, а имаат слична содржина. Овие долги пораки можат да бидат стандардизирани и прилагодени за секој индивидуален разговор. Напишете порака и подгответе ја во „Canned Responsed“ за да можете да ја искористите во иднина.
3. G-mail може да го користите дури и ако сте офлајн
Ако често патувате и немате секогаш пристап до интернет, добро е да знаете дека постои опција G-mail Offline, апликација која го поттикнува пристапот на меил без да се поврзете на мрежата.
4. „Паузирајте“ го своето сандаче за да не ви одвлекува внимание
Голем дел од вас не можат а да не ги проверат пораките кои им стигнале на меил. Така не можете да се насочите на работата, па затоа решение за тоа е „Inbox Pause“ кој овозможува да продолжите со работата, со што ги задржува меиловите да не се појават во сандачето се` додека не сте спремни за нив.
Кликнете „pause“ во инбокс, а потоа „unpause“ за пораките да стигнат до вас.
5. Намалете ја гужвата такашто ќе се одјавите од меилинг листите
Не е необично да бидете на различни меилинг листи, поради што лесно можете да изгубите контрола над поштата која пристигнала. Затоа постои „Unroll.me“, бесплатна алатка која помага во организирање на меиловите и останатите претплати.
6. Чувајте го вашиот G-mail заштитен со две проверки на автентичноста
На G-mail чуваме скоро се`, фотографии, документи и телефонски броеви. Некои тука ги чуваат и лозинките и останатите услуги кои им се потребни за работа. Затоа е важна приватноста.
Најдобриот начин за заштита е активирање на проверка на автентичноста која значи дека ќе ви биде потребна и лозинка и единствен код кој стигнува преку апликации или смс.
7. Повеќе контекст во G-mail нофитикациите
Кога користиме WhatsApp, добиваме известување дека пораката е успешно испратено, успешно доставено и дека корисникот ја прочитал. Кога користиме Facebook Messenger добиваме вакви податоци. Сето ова можете да го добиете и со Sidekick, апликација за гаџети која ќе ви помогне да видите кој ја примил и прочитал вашата порака.