„Вибер“, една од водечките глобални апликации за размена на пораки, развиена од страна на компанијата „Ракутен Вибер“ ја прославува седумгодишнината од постоењето – задржувајќи ја својата посветеност кон примарната цел – да ги поврзува корисниците бесплатно и безбедно, без оглед кои се и од каде потекнуваат. Корисниците на „Вибер“ ја препознаа искреноста на таа определба, што резултираше со значајно зголемување на нивниот број и приходите што следат со тоа –а при тоа, апликацијата во ниту еден момент не ги искористи податоците на корисниците во комерцијални цели – што е вистинска реткост во сопредба со другите сродни апликации.
Почитувањето на приватноста и безбедноста на корисниците се клучната вредност за „Вибер“ заради што уште во април 2016 година, меѓу првите ја воведоа енкрипцијата таканаречена од-крај-на-крај. Целата комуникација преку „Вибер“ автоматски е заштитена, што значи дека никој, па ни самиот „Вибер“ – нема пристап до содржината на повиците и пораките кои се реализираат преку оваа апликација. Тоа исто така значи дека „Вибер“ не ги следи и не ги таргетира своите корисници во разговорите, пре размената на информации или при коментирањето на разни брендови, што е чест случај кај сличните апликации. Чувањето на податоците на корисниците секогаш ќе биде приоритет за „Вибер“. Редовното и секојдневното користење на апликацијата ширум светот е најдобрата потврда колку се почитува овој принцип и колку се разликува од вообичаените пракси на конкурентите.
„Во текот на изминатите седум години , „Вибер“ доживеа исклучителен развој. Само во текот на оваа година, нашата база на корисници се зголеми за 20 проценти, а нашите приходи – двојно се зголемија“, истакна Џамел Агауа, глобалниот извршен директор на компанијата „Ракутен Вибер“. „Во овој период ја стекнавме довербата и лојалноста на нашите корисници, а притоа одговоривме и на предизвиците за финансиска одржливост. Ваквиот развој ни овозможи да продолжиме со постојани иновации , а истовремено да останеме целосно посветени на приватноста и безбедноста на комуникацијата меѓу нашите корисници. Во наредната година ќе претставиме функции кои ќе ја забрзаат и олеснат групната и еден-на-еден комуникација. Во иднина, нашата цел останува „Вибер“ да биде првата апликација која ќе ја отвораат корисниците веднаш штом се разбудат, и преку која ќе можат безгрижно да комуницираат- без компромиси по нивната безбедност и приватност“, додаде тој.
Со намера да изрази благодарност кон своите лојални корисници и да ја прослави годишнината, „Вибер“ подарува подароци во вредност од 7 милиони американски долари преку својата платформа. Корисниците кои го следат официјалниот чет-бот на „
Вибер“ ќе можат да преземат бесплатно разни подароци преку платформата, во вид на „Вибер аут“ кредит со вредност од 0,5 до 3 долари, или било кој од петте најпопуларни пакети на „Вибер стикер“.