X
 23.07.2015 Образование

Објавени се конечните резултати од екстерните испити од државната матура



Информација во врска со конечните резултати од екстерните испити од државната матура, јуни 2015 година

Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на ден 14. 07. 2015 година. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страната за државната матура www.matura.gov.mk.

Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Вкупно беа доставени 505 приговори и истите беа разгледани и решени од страна на предметни комисии за приговори. Од нив беа прифатени 212, што е околу 0,4% од вкупно прегледани 49861 тест-книшки во овој испитен рок.

Конечните резултати согласно пропишаната динамика на реализација на државната матура се доставени до училиштата на 22. 07. 2015 година. Кандидатите кои приговарале имаат право на увид во тестот. Увидот ќе се реализира на ден 24.07.2015 година во просториите на Државниот испитен центар.

Државниот испитен центар им се заблагодарува на членовите на комисиите за приговори, директорите и вработените во училиштата, за максималните напори што ги вложија за доследно спроведување на овие испити, навремено и правилно разрешување на доставените приговори.

На сите матуранти во Република Македонија, Државниот испитен центар им посакува успешно да го продолжат своето понатамошно образование.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование