ТЕД е позната иницијатива за спроведување инспиративни и информативни говори од најголемите луѓе во секоја област. Од неодамна, ТЕД стои и зад новата платформа наречена „Опен ТЕД“, која има цел да охрабри и открие идеи.
Новата иницијатива ги поканува сите луѓе да создаваат и споделуваат видеа во кои објаснуваат една главна идеја.
Како што пишуваат од ТЕД, „идеите може да бидат големи и глобални или индивидуални и лични. Една идеја може да нуди нов начин за гледање кон светот, повик за толеранција, поинаков поглед кон човековото однесување, откритие во лабораторијата кое ќе ни ги промени животите. Или може да нуди нов начин за размислување на минимално ниво, нов начин за однесување кое го правиме секој ден или нов начин за преживување на работниот ден.“
Најдобрите испратени видеа ќе бидат одбрани за официјален ТЕД-говор на денот. Видеата може да се испратат најдоцна до 15 октомври годинава.
Дознајте повеќе за иницијативата
ОВДЕ.