X
 06.04.2020 Уметност

Населба во Индија користи мурали за да ја зголеми безбедноста на улиците

Кенаги Нагар е населба во Ченај, Индија, која се смета за небезбедна. Една иницијатива со помош на уметност се обидува да ја направи попривлечна за посетителите.

Во февруари, индиската организација „Ст+арт“ побарала од 15 уметници да нацртаат мурали во населбата во која живеат 80.000 луѓе. Канаги Нагар е место каде што се населувале сиромашните жители, а голем дел од нив останале без своите домови по цунамито што го погодило градот во 2004 година. Населбата има лоша репутација поради алкохоличарите, корисниците на дрога и криминалците што може да се најдат таму.

- Кога ја барате Канаги Нагар на „Гугл“, написите ви велат да не одите таму. Отсечена е од градот - вели Каран Кол од „Ст+арт“.



Организацијата препознала можност да ги претвори куќите во големи платна и со тоа да ја направи првата уметничка населба во Ченај. Судејќи според последните посети на населбата, проектот е примен со оптимизам. Децата се охрабрени да цртаат на ѕидовите. Над 100 деца од населбата им помагале на волонтерите да ги нацртаат муралите.



Целта на организацијата е да ги смени перспективите за населбата. Од 2014 година, организацијата имплементирала слични проекти во повеќе градови, меѓу кои и Мумбај и Њу Делхи. Но, поради репутацијата и локацијата на Канаги Нагар, малку е веројатно дека иницијативата ќе привлече многу туристи. Наместо тоа, од организацијата очекуваат најголемиот придонес на проектот да биде за локалните жители.

Автор: Џејми Фулертон
Извор: Cnn.com
Фото: Instagram screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност