X
 04.11.2020 Живот

Литванците ги менуваат старите автомобили за велосипеди или скутери

Замислете ја опцијата да го замените стариот автомобил со нов електричен скутер, електричен велосипед, обичен велосипед, електричен мопед, мотор или билети за јавен превоз. Литванците ја имаат оваа опција благодарение на нова иницијатива на Агенцијата за управување со проекти за животната средина во земјата.

Жителите добиваат ваучери вредни најмногу 1.200 долари за старите автомобили, а тие ваучери може да се искористат за купување еколошко превозно средство или билети за јавниот превоз. Досега се пријавиле 8.518 луѓе за оваа иницијатива, пренесуваат локалните медиуми.

Според претставници на агенцијата што ја води иницијативата, програмата добива големо внимание во Литванија и бројот на пријави ги надминал очекувањата. Затоа, министерството за животна средина издвоило дополнителни 3 милиони евра за иницијативата. Досега се потрошени 95% од вкупно 8 милиони евра предвидени за иницијативата, вклучувајќи ги дополнителните 3 милиони евра што биле побарани откако се потрошиле 5 милиони евра предвидени првично.

Досега поголемиот дел од средствата биле потрошени за набавка на електрични скутери или обични велосипеди. Најмалку се потрошени за купување билети за јавен превоз.

Автор: Фабиен Ланг
Извор: interestingengineering.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот