X
 25.07.2015 Култура

Село кое се наоѓа во пештера

Во провинцијата Трапани, Сицилија постои еден вид на портал низ времето висок околу 8 метри, и 70 метри длабок. Вгнездено во внатрешноста на природниот отвор на две планини се наоѓа малечко село кое се состои од необични куќи, капела, штали, работилници и една главна улица со калдрма.

 

selo


Селцето е именувано по семејството кое се населило во пештерата и живеело тука се` до 50-те. Тие биле познати по правење на вкусно сирење. Постојат малку податоци за пештерата и селскиот живот во неа, иако во 1870-те било посетено од еден италијански истражувач кој местото го опишал како спокојно без вревата од градовите, кадешто тој беше топло пречекан од поширокото семејство Мангипиане.

После еден период на напуштеност, селото и неговите куќи биле подновени од локални ентузијасти со помош на еден од последните живи членови на семејството Мангипиане, кој вели дека селцето останало исто такво како пред еден век. Денес селото претставува малечок музеј кој им овозможува на посетителите да се вратат во минатото и да чекорат низ секојдневниот живот на селаните гледајќи во нивните спални соби, допирајќи го мебелот и учејќи да ги користат историските алатки за да ги вратат изгубените занаети од тоа време. 

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура