54-годишниот актер беше виден на сетот за најновиот филм на Квентин Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“ во облека што била хит во 60-тите години.
Во филмот, за кој луѓето имаат и тоа како високи очекувања, ќе глумат и Леонардо ди Каприо и Маргот Роби. Дејството на филмот е поставено во 1969 година во Лос Анџелес, во периодот помеѓу убиствата од Менсон. Премиерата е закажана за 26 јули 2019 година, две недели пред годишнината од убиствата од Менсон во кои биле убиени пет лица, вклучувајќи ја и старлетата Шерон Тејт.
Ди Каприо ќе го глуми Рик Далтон, поранешна ѕвезда на вестерн ТВ-серии, а Пит - неговиот каскадер Клиф Бут. И
двајцата се борат да преживеат во Холивуд што повеќе не го препознаваат, иако препознаваат една личност - сосетката на Рик, Шерон Тејт.
Фото: Splash News Online