Уредите кои се поврзуваат со телефоните најчесто имаат едноставен дизајн, кој не е често привлечен, особено не од страна на женската популација. Но, сега има нов уред наменет за девојките. Уредот има програмска функција, но изгледа како модерен и тренди накит.
Уредот наречен „Jewelbots“ има цел да ги научи девојките како да програмираат со тоа што им нуди подобри начини за комуникација и изразување. Со други зборови, нараквицата може да биде програмирана со едноставни команди. Девојките може да ги програмираат да светат кога нивните пријатели се во близина или да им испраќаат пораки на своите соученици во училницата.
Нараквиците може да работат со или без мобилни телефони. Тие користат „Bluetooth“ за да комуницираат со други уреди.
Можностите за користење на нараквиците се бесконечни, а девојките кои ќе ги користат може да предложуваат и реализираат нови идеи за нивната употреба.