X
 15.01.2021 Образование

„Епл“ отвора бесплатна академија за програмирање наменета за студенти

Американската компанија „Епл“ ќе отвори академија за програмери во Мичиген и ќе го поддржи отворањето на едукативен центар во Џорџија во рамките на иницијативата за расна еднаквост, вредна 100 милиони долари. Двата проекта ќе бидат спроведени со државниот универзитет во Детроит и други колеџи и универзитети во Атланта на кои студираат голем број Афроамериканци.

Компанијата ќе ја отвори академијата за програмирање во Детроит подоцна годинава и ќе биде бесплатна за студентите. Компанијата планира и да нуди обуки за технолошки вештини на студентите на универзитетите во Атланта и ќе финансира 100 нови стипендии.

Со иницијативата „Епл“ се обидува да ја намали таканаречената дигитална поделеност во делови од САД каде што многумина немаат пристап до брз интернет и немаат можности за учење на вештините што се потребни за работа во технолошката индустрија.

„Епл“ планира и да инвестира во помали компании кои се основани од припадници на помалите етнички групи.

Автор: Ијан Шер
Извор: cnet.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование