X
 03.08.2015 Живот

Запознајте го човекот кој создаде едно сосема поинакво и искрено CV

Пазарот на трудот денес е преполн со квалификувани и способни луѓе, меѓу кои е доста тешко човек да се истакне и да покаже дека е различен.

 

1


Квалитетното CV е еден од начините на кои луѓето се обидуваат да остават добар впечаток кај работодавците, па во него често ги ставаат сите вештини, препораки и работи во кои се навистина добри, но ова е нешто што го прават повеќето и не е баш многу иновативно.

Но, како да направите CV-то да ви биде различно и да остави впечаток кај работодавците?

Џеф Скардино, креативниот директор на компанијата Ogilvy & Mather и професор во школото Миами Ад во Бруклин, го пронајде единствениот начин како да се истакне. Имено, Џеф создал, како што сам го нарекол, релевантно CV, во кое ги вклучил сите лоши препораки кои ги добил, сето она во кое е лош и сите оние работи кои не знае да ги работи.

Тој во своето CV навел дека се`уште немал завршено со пишување на книгата која ја започнал пред неколку години, бидејќи е лош во помнење на имиња.

Вели дека бил доста сигурен во неговата креативна идеја, и иако изгледала доста екстремна, сепак тој бил прилично сигурен во нејзиниот потенцијал. Тој верувал дека таа ќе биде клуч за успехот, па одлучил да ја тестира.

 

2


Џеф се пријавил за 10 различни позиции з кои бил заинтересиран и квалификуван. „Се обидов да останам во кругот на сопствените вештини, но само кругот се прошири поради некои професии поврзани со пишувањето“, вели тој. Испратил две одвоени пријави за секоја компанија, во период од недела дена, користејќи се со друго име и адреса во секоја од нив. Со различните CV-ја, испратил и различни мотивациони писма. И резултатите, биле прилично изненадувачки.

Кај вообичаените CV-ја добил само еден одговор и нитуеден повик за интервју, додека кај „релевантните CV-ја“ добил 8 одговори, а дури 5 компании го покивале на разговор. Еден од работодавците му испратил писмо: „Пред се`, ви честитам, никогаш не сум добил CV слично на вашето. Гледам многу од нив, и затоа вистинско освежување е кога ќе видам различен пристап. На колегите од канцеларијата им го дадов да го прочитаат, па и тие сакаат да ве запознаат.“.

Уште еден работодавец бил прилично заинтересиран: „Го добив вашето CV. Доста интересно. За жал позицијата е веќе пополнета, а јас навистина би сакал да дознам нешто повеќе за вашиот проект. Ова е начин на размислување кој ние во нашата компанија го сакаме“.

Но, два интересни одговори биле од работодавци кои биле доста скептични, меѓутоа сепак му одговориле. „Мене овие одговори повеќе ми ја потврдија хипотезата отколку оние кои покажале заинтересираност“, вели Џеф. „Иако мислеа дека е само шега, сепак одговорија, па добив можност да им објаснам. И сфатија“, вели Џеф.

И додека Џеф својот експеримент го направил на 10 компании кои спаѓаат во гранките на креативната индустрија, се чини дека се` повеќе компании биле заинтересирани за новиот освежувачки пристап.

Џеф нагласи дека овој експеримент секако не е еднократен  и дека ќе продолжи да работи на тоа неговото релевантно CV да го направи уште порелевантно.

Видеото подолу ги прикажува резултатите од неговиот експеримент.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот