X
 06.08.2015 Наука

ГМО комарци во борбата против болестите

Зуењето и чешањето не се единствените проблеми кои може да ги предизвикаат комарците. Комарците пренесуваат болести, а ова е причината поради која истражувачите започнуваат генетски да ги модифицираат инсектите.


Истражувачи од британската компанија „Oxitec Ltd.“ тестираат нов метод во кој генетски модифицирани комарци го контролираат ширењето на денгата. Денгата е инфекција или болест која има слични симптоми како и грипот.

Според Светската здравствена организација, просечниот број заразени лица од денга пораснал во последните неколку години и сега изнесува 390 милиони случаи годишно. Без соодветен третман, денгата може да предизвика други здравствени состојби и смрт.


За денгата нема вакцина или лек, а единствениот начин за контролирање на ширењето е со контрола на инсектите кои ја пренесуваат - женските комарци.

Британските истражувачи се фокусираат на женските комарци од еден вид во кој пуштаат генетски модифицирани примероци. Кога овие генетски модифицирани комарци се размножуваат, тие пренесуваат ген кој го спречува раѓањето нови заразени инсекти и понатамошно размножување на заразените.

Експериментот се врши во Јужна Америка, каде се забележани голем број заразени случаи од денга.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука