Сигурно сте слушнале за објаснувањето дека „жртвите“ на комарецот имаат поблага крв, меѓутоа ова воопшто не е случајот. Всушност вистинската причина зошто комарецот избира едни, а не други луѓе е видот на бактерија која постои на нивната кожа, па така некои бактерии емитуваат подобар мирис од другите, со што одредува дали комарецот сака да касне.
Како дополнување на различните бактерии, јаглерод диоксидот кој го испуштаме од нашиот здив, топлината на нашите тела и некои други изненадувачки фактори предизвикуваат комарците да не` касаат често и да сме неодоливи за нив. За жал, комарците носат многу поголем ризик од само чешање, а видеото прикажува одлични детали во врска со ризикот и заштитата.