Бактериите имуни на антибиотици се многу поопасни и посмртоносни од бактериите без имунитет. Претходно се предупредувало за проблемот со антибиотиците. Имено, некои научници предупредуваа дека бактериите наскоро ќе станат отпорни на антибиотиците и ќе станат смртоносни. Ново истражување вели дека ова веќе се случува.
Бактериите стануваат отпорни кога во својата околина наидуваат на антибиотици кои се во премали дози за да ги убијат. Со тоа, тие успеваат да се прилагодат на лековите, а тоа е голем проблем за човештвото. Секоја година, отпорноста на антибиотици предизвикува 2 милиони болести само во САД и одзима околу 23.000 животи.
Во ново
истражување, научниците користеле ДНК која предизвикува мутација во бактеријата pseudomonas aeruginosa, честа причина за инфекција на белите дробови, отпорна на разни лекови. Во процесот се создале над 300.000 различни мутирани бактериски видови.
Во експериментот научниците следеле кои бактерии се посилни од другите и заклучиле дека мутациите кои резултираат со отпорност на антибиотици ја зајакнуваат инфекцијата.