X
 10.09.2023 Здравје

Ги бакнувате домашните миленици? Можеби тоа не е добра идеја

Некои истражувања спроведени во последните неколку години докажуваат дека е потребна поголема нега за домашните миленици денес во споредба со минатото. Тешко е да не ги сакаме нашите миленици кои ни го разубавуваат животот. Сепак, постојат одредени ризици со животните за кои сопствениците често не размислуваат.

Имено, животните можат да носат одредени вируси, бактерии и болести кои можат да се пренесат на сопственикот. Така, постои заразна болест наречена зооноза, која често нема видливи надворешни симптоми кај домашните миленици, па сопствениците не сметаат дека домашните миленици се носители на оваа инфекција. Таа се пренесува со директен контакт, односно плунка, други телесни течности, измет, но и преку споделување работи на милениците и сопствениците, како постелнина.

Нема потреба да се плашите, имајќи предвид дека можноста за заразување со оваа болест е релативно мала, но сепак треба да бидете претпазливи.

Кај кучињата најчесто се пренесува преку плунката, имајќи предвид дека во устата ја имаат бактеријата капноцитофага (capnocytophaga), која се пренесува преку близок контакт, како бакнеж или каснување. Оваа бактерија може да ги зафати луѓето со послаб имунолошки систем, но не е невозможно да се пренесе и на сосема здрави луѓе.

Кај мачките, најчестата заразна болест се нарекува болест на гребење на мачки, која се пренесува на луѓето, како што кажува самото име, со каснување или гребење, а ја предизвикува бактеријата бартонела хенселае (bartonella henselae).

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје