X
 10.08.2015 Технологија

Приказната позади огромниот успех на "Google"

Сите сме свесни за големиот успех на „Google“ во светот на интернетот, но и надвор од него. Веќе започнавме да „гугламе“ информации, исто како што пиеме вода или дишиме кислород. Но, оваа компанија е многу повеќе од пребарувач на информации и податоци.


Почетниот бизнис на „Google“ беше создавање алгоритми за помош на луѓето побрзо да ги организираат податоците што се прикачуваат н аинтернет. Наместо да се вработат уредници и истражувачи за обезбедување резултати за одредени побарувања, компанијата започна со создавање алгоритми за истата цел. Со овој пристап, компанијата стана подобра од својата конкуренција. „Google“ започна силно, па така и продолжи и се подобруваше за наскоро да стане прв избор на голем дел од корисниците.

Промените и подобрувањата на алгоритмите за пребарување беше основа за методот со кој компанијата го претставува секој следен производ. На почетокот, компанијата не заработувала многу, иако била најдобра во својата област.

Три години од постоењето и „Google“ го презема првиот чекор кон монетизација на својот успех со претставување на „Google adwords“. Компаниите плаќаа за импресии, наместо за кликови, па „Adwords“ се покажа како нов успех. За три години, „Adwords“ се претвори во автоматизирана аукција на реклами кои се плаќаат по кликови, со што се фрли светло на важноста на дигиталниот маркетинг. Компанијата не се фокусираше на продажба на реклами на компаниите на секој важен збор, туку нудеше поврзани реклами кои даваа подобар резултат и повеќе пари за „Google“.


До денес, методот е непроменет. Додаден беше „Adsense“, со што секој кој поседува интернет-страница или блог може да заработува, но и да му носи пари на „Google“. Така, компанијата стана доминантна во поглед на дигиталниот маркетинг.

Наскоро, компанијата започна со иновациите и купувањата. Меѓу другото, тие гo купија „YouTube“, a ги претставија „Google maps“, „Blogger“ и „Google finance“. Овие страници и алатки беа изградени и купени за заработка преку реклами.

Но, следуваа и алатки и страници кои не беа создадени за заработка, како „Google books“ и „Google news“. Компанијата продолжува да ја зголемува својата заработка од реклами и да ги подобрува своите интернет-страници и сервиси за да привлече повеќе компании за рекламирање.

Иновацијата за „Google“ е дел од мисијата за растење и промоција. Така, меѓу другото, компанијата стои зад напредни технолошки проекти, мобилни оперативни системи, автономни возила и обновливи автомобили. Сега, компанијата започнува да се фокусира повеќе на иновациите за зајакнување на брендот.

Што би можеле да очекуваме во иднина?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија